Полицаецот-тепач бил Албанец од крим-полиција, внатрешната контрола ќе ги санкционира сите

t

Полицаецот-тепач кој ги нападнал двете лица и им нанел тешки телесни повреди при вршење на контрола, е Албанец вработен како инспектор на крим-полицијата во Скопје, дознава Инфомакс од сопствени извори.

Според неофицијалните информации, внатрешната контрола во МВР веќе има констатирано прекршувања на службените и полициски овластувања, а сите инволвирани полицајци ќе бидат санкционирани.

За случајот алармираа албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и ДУИ, кои тврдеа дека се работи за малтретирање на двајца млади луѓе на возраст од 21 и 23 години.

Според записникот во МВР, еден од двајцата приведени лица при проверката го одземал службениот пиштол на еден од полицајците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…