Иран подготвува нова стратегија за напади врз танкери: Целта е да се задржат високите цени на нафтата пред изборите во САД
Иран започнал да применува нова стратегија за напади врз трговските бродови во Ормускиот Теснец, со цел да ги одржи високите светски цени на нафтата и да изврши политички притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп пред конгресните избори во ноември.
Ова за „Ројтерс“ го откриле двајца високи ирански функционери, кои потврдиле дека одлуката за промена на воената тактика била донесена на највисокото ниво на иранското раководство.
Според нив, Техеран во последните десетина дена започнал да користи нови методи за напади врз бродови кои, според иранските власти, ги прекршуваат ограничувањата за пловидба низ теснецот.
Една од главните цели е да се спречат американските напори за намалување на глобалните цени на енергенсите.
Американски воен функционер потврдил дека Иран ја променил тактиката по уништувањето на значителен дел од неговите радарски капацитети.
Наместо директно да ги изложува своите преостанати воени пловила, Иранската револуционерна гарда започнала да користи мали цивилни чамци како извидувачи, кои ги идентификуваат потенцијалните цели и ги пренесуваат нивните позиции.
Во еден претходно необјавен инцидент, американските сили откриле таков чамец што наводно пренесувал информации за цели на Револуционерната гарда. По евакуацијата на екипажот, американските сили го уништиле пловилото.
Во последните 48 часа биле регистрирани најмалку пет инциденти со трговски бродови во регионот на Ормускиот Теснец.
Според иранските извори, новата стратегија предвидува проширување на нападите и кон Оманскиот Залив, како и кон водите во близина на Катар и Обединетите Арапски Емирати.
Еден од функционерите предупредил дека Иран се движи кон речиси целосно затворање на теснецот за бродови што не ги почитуваат неговите ограничувања.
Ваквиот развој може дополнително да ја продлабочи глобалната енергетска криза, имајќи предвид дека пред војната низ Ормускиот Теснец минувала приближно една петтина од светската трговија со нафта и течен природен гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран подготвува нова стратегија за напади врз…
Иран започнал да применува нова стратегија за…
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…