296 сообраќајни прекршоци за два дена преку „Сејф сити“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Вкупно 296 сообраќајни прекршоци биле регистрирани преку системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар во првите два дена од неговото функционирање, информираат од СВР Охрид.
На 12 октомври, првиот ден од работата на системот, биле евидентирани 148 прекршоци, а ист број бил регистриран и на 13 октомври, заклучно со 19 часот.
Најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирани возила.
Од полицијата информираат дека прекршоците се документираат, а до сопствениците на возилата се испраќаат известувања преку СМС и електронска пошта.
СВР Охрид апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и сигнализацијата, со цел поголема безбедност на патиштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
296 сообраќајни прекршоци за два дена преку…
Вкупно 296 сообраќајни прекршоци биле регистрирани преку…
ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од…
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…
Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем,…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше…
Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513…
„Хакер“ од Мала Речица паркирал бесплатно, па…
Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица…