Објавено на:

Трамп: Погубувањето на осудениот за масакрот во базата Форт Худ нема да се пренесува во живо

t

Погубувањето на поранешниот мајор на американската војска Нидал Малик Хасан, осуден за убиство на 13 лица и ранување на уште 32 во пукањето во воената база Форт Худ во 2009 година, нема да се пренесува во живо, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ќе биде погубен според планот, со стрелање, но овој настан нема да се пренесува во живо“, наведе Трамп.

Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп посочи дека на членовите на семејствата на жртвите ќе им биде овозможено лично да присуствуваат на погубувањето доколку сакаат.

Трамп наведе дека ја разгледувал можноста за пренос во живо за, како што рече, да се покаже како САД се справуваат со терористите. Сепак, додаде дека многу добронамерни луѓе би претпочитале да избегнат да гледаат таков настан.

Американскиот претседател го опиша Хасан како предавник и злосторник, тврдејќи дека јавниот пренос на погубувањето би можел да послужи како предупредување за потенцијалните сторители на терористички напади.

Хасан, поранешен мајор на американската војска, уби 13 лица, а тешко рани уште 32 во нападот во воената база Форт Худ во Тексас во 2009 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…