Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала држава може да биде кредибилен и доверлив сојузник во НАТО
Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на одбележувањето на 17 Октомври – Денот на Командата за операции, во касарната „Боро Менков” во Куманово.
Таа ја истакна клучната улога на Командата во одбраната на државата, нагласувајќи дека оперативната подготвеност се темели врз знаење, дисциплина и способност за навремено и ефикасно дејствување.
Осврнувајќи се на современите безбедносни предизвици, претседателката укажа на потребата од постојано унапредување на одбранбените капацитети и одржување на високото ниво на подготвеност на Армијата.
-Членството во НАТО е наша стратешка определба, но и заложба за почитување на принципите на колективната одбрана и солидарност. Со извршувањето на преземените обврски и усогласувањето со стандардите на Алијансата, македонската Армија, вие, покажавте дека и мала држава може да биде кредибилен и доверлив сојузник. Нејзината интероперабилност, обученост и учество во заедничките активности се јасна потврда за нашиот голем придонес кон колективната безбедност, рече претседателката пред војниците.
Сиљановска-Давкова ја истакна улогата на припадниците на Командата за операции во справувањето со природни непогоди, пожари и други кризни состојби, како и нивниот придонес во заштитата на граѓаните, потсетувајќи дека доделеното одликување „Орден за воени заслуги” е признание за унапредувањето на армиските капацитети и зајакнувањето на борбената готовност.
На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…
Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…
Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина…
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка и изрази…
Сиљановска-Давкова: Aрмијата е фактор на стабилност, безбедност…
Македонската Aрмија денес е високо организирана воена…
Мисајловски: Продолжуваме со уште позасилено темпо да…
Македонската Армија денеска, 18 август, одбележува 34…
34 години АРМ: Модерна, современа и целосно…
Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето…