Објавено на:

ИЗРАЕЛ ЈА ПОДИГНА ВОЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НАЈВИСОКО НИВО: Армијата се подготвува за можни напади од Иран и Хезболах

t

Израелските вооружени сили ја зголемија борбената готовност на сите фронтови, распоредувајќи дополнителни воени сили и засилувајќи ги системите за противвоздушна одбрана, во услови на растечки стравувања од нова регионална ескалација.

Според израелските медиуми, военото раководство стравува од можноста Иран или вооружени организации во регионот да извршат ненадеен напад во пресрет на парламентарните избори закажани за 27 октомври.

Началникот на Генералштабот, Ејал Замир, наредил ограничување на отсуствата на војниците, дополнително распоредување сили и засилено присуство на високи офицери во командните центри.

Посебно внимание е насочено кон потенцијални ракетни напади од Иран и Либан, поради што израелското воено воздухопловство и противвоздушната одбрана се ставени во зголемена готовност.

Истовремено, израелската армија започна дводневна воена вежба во северниот и централниот дел на земјата, во која се симулираат истовремени напади на повеќе фронтови, вклучително и ненадејни воздушни и копнени упади.

Армијата нагласи дека вежбата била однапред планирана и дека засега нема конкретно разузнавачко предупредување за непосреден напад.

Во меѓувреме, Israel Hayom денеска објави анализа за можноста од обновување на војната со Иран, наведувајќи дека Техеран обновил дел од своите воени капацитети и дека во Израел повторно се разгледува можноста за нова воена кампања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЗРАЕЛ ЈА ПОДИГНА ВОЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НАЈВИСОКО…

Израелските вооружени сили ја зголемија борбената готовност…

Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…

Израел се соочува со егзистенцијална закана од…

Хамнеи бара воена отштета од САД и…

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…