Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос ѝ честитаа на „Студентската листа“ за победата: ЕУ е подготвена да ги поддржи реформите во Србија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и европската комесарка за проширување, Марта Кос, ѝ ја честитаа победата на „Студентската листа“ на парламентарните избори во Србија. Тие истакнаа дека Европската Унија е подготвена да ги поддржи реформите и да работи со Србија на нејзината иднина во ЕУ.
Фон дер Лајен и Кошта во објави на социјалната мрежа Икс наведоа дека се подготвени да ги поддржат реформите во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата, како и зајакнувањето на демократските институции.
„Подготвени сме да ги поддржиме реформите во областа на владеењето на правото, слободата на медиумите и борбата против корупцијата, како и зајакнувањето на демократските институции, и заеднички да работиме на унапредување на иднината на Србија во Европската Унија“, напишаа Фон дер Лајен и Кошта.
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, исто така ѝ ја честиташе победата на „Студентската листа“, истакнувајќи дека за Србија може да започне ново поглавје.
Во пораката испратена до словенечките дописници во Брисел, Кос наведе дека вратите на Европската Унија се отворени и дека ЕУ е подготвена заедно со Србија да продолжи напред.
„Србија го крена својот глас. По речиси две години протести за демократија, владеење на правото и борба против корупцијата, граѓаните на Србија излегоа на изборите во историски голем број“, напиша Кос.
Според проекцијата на Ипсос и ЦеСИД, врз основа на обработени 80,8 отсто од примерокот, „Студентската листа“ освоила 52,7 отсто од гласовите, односно 140 пратенички мандати. „Обединета Србија“ освоила 38,9 отсто од гласовите, односно 104 мандати. Другите листи не го поминале изборниот праг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…
Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…
Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…