Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони „Мерцедес Унимог“ од Германија

t

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони од типот „Мерцедес Унимог 5Т“ од Германија, соопшти косовскиот министер за одбрана Ејуп Маќедонци.

„Денеска, заедно со премиерот Албин Курти, командантот на КБС, генерал-потполковник Башким Јашари, германскиот амбасадор во Косово, Рајнер Рудолф, и Даниел Цител, претставник на компаниите „Дајмлер“ и „Мерцедес-Бенц“, примивме 12 воени камиони „Унимог – Мерцедес-Бенц 5Т“, со погон на сите четири тркала (4×4), купени за потребите на Косовските безбедносни сили“, напиша Маќедонци на Фејсбук.

Тој додаде дека, покрај набавките, Германија ги поддржува Косовските безбедносни сили и преку донации.

„Во 2024 година добивме пет камиони „Рајнметал КХ 8×8“ како донација од Германија. Според планот, во текот на 2027 година очекуваме да добиеме уште два камиони „Рајнметал КХ 8×8“ и четири противпожарни камиони „Унимог – Мерцедес-Бенц“, исто така како германска донација.

Ја цениме оваа конкретна поддршка и континуираното партнерство меѓу нашите земји. Во меѓувреме, за 2027 година е планирана испорака на уште десетици купени камиони. Овие испораки, преку набавки и донации, се дел од долгорочниот план за развој на транспортните и логистичките капацитети на КБС“, напиша министерот.

Маќедонци наведе дека, по приемот на 12-те камиони „Унимог – Мерцедес-Бенц“ и осумте камиони „Рајнметал“, кои пристигнале во текот на оваа недела, вкупниот број досега примени возила од овие две категории достигнал 35.

„Камионите „Унимог – Мерцедес-Бенц“ овозможуваат голема подвижност на тешко пристапни терени и ќе се користат за транспорт на персонал, опрема и материјали, како и за снабдување на единиците во различни оперативни услови.

Заедно со камионите „Рајнметал 8×8“, тие ќе ја зајакнат логистичката поддршка и способноста на единиците ефикасно да ги извршуваат задачите. Модерната армија мора да располага со капацитети што ѝ овозможуваат движење, снабдување и извршување на задачите. Логистиката е суштински дел од оперативната подготвеност“, изјави Маќедонци.

Косовскиот министер за одбрана му се заблагодари на премиерот Албин Курти за поддршката, како и на командантот на КБС, генерал-потполковник Башким Јашари, за континуираната соработка.

Благодарност упати и до германскиот амбасадор Рајнер Рудолф и до Даниел Цител, претставник на компаниите „Дајмлер Трак Дифенс“ и „Мерцедес-Бенц Спешл Тракс“.

„Ќе продолжиме да инвестираме во опрема, инфраструктура и човечки капацитети за да изградиме професионални и модерни сили што ќе можат да дејствуваат заедно со нашите партнери, во служба на безбедноста на Република Косово и нејзините граѓани“, заклучи тој.

Камиони од овој тип користеле и германските војници за време на мисијата на КФОР на Косово. Тие се погодни за движење на различни видови терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…

Кола намерно влета во луѓе во Германија,…

Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…

Германската агенција за вработување се противи на…

Германската влада планира да ја преполови квотата…

Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…

Германската федерална влада планира широка соработка со…