Андоновски: Дата-центарот ќе се гради догодина, во близина на Скопје
Изградбата на националниот дата-центар би можела да почне во 2027 година, доколку процедурите се одвиваат според планот, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во интервју за телевизија „Сител“.
Тој посочи дека локацијата за изградба е избрана во близина на Скопје, а Министерството за транспорт работи на подготовка на урбанистичката документација.
Во тек се и разговори со потенцијални кредитори и со меѓународни партнери за финансирање на проектот, кој е дел од Реформската агенда и од Планот за раст. Предвидено е 30 отсто од финансирањето да биде обезбедено преку грант.
Андоновски рече дека Министерството разговара и со потенцијални инвеститори за изградба на приватни дата-центри, но нагласи дека нема да поддржува проекти што би ѝ наштетиле на животната средина.
„Се развива проектот, тече по сите чекори како што треба и сигурен сум дека во 2027 ќе успееме да го поставиме камен-темелникот“, рече тој.
Министерот информира и дека е објавена Националната стратегија за употреба на вештачката интелигенција, која во моментов е отворена за консултации. Усвојувањето закон за вештачка интелигенција е планирано за следната година.
„Ние не создаваме наши големи јазични модели, не можеме да влијаеме на светот како се развива затоа што сме мал мала држава, но можеме да најдеме начин како тукашните модели да ги заштитиме, а да бараме од сите оние што споделуваат вести, портали, телевизии, било кој друг вид на медиум, да декларираат дека нешто што создале е создадено со помош на вештачка интелигенција за да превенираме ваков вид на злоупотреби“, рече Андоновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андоновски: Дата-центарот ќе се гради догодина, во…
Изградбата на националниот дата-центар би можела да…
„Антропик“ отвора дата-центар во Австралија, ќе биде…
Гигантот во областа на вештачката интелигенција „Антропик“…
Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…
Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…
(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…
Бидејќи се поделивме по сите основи, без…
Божиќно пocлание на г.г. Стефан: Да подариме…
Божјата љубов кон нас се покажа во…