Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе одговорност и што поскоро да ги формира органите на власта

t

Вршителката на должноста претседател на Република Србија, Ана Брнабиќ, денеска повика на мир, а оние кои победиле на изборите ги повика да преземат одговорност и што поскоро да ги формираат органите на власта, како и да не дозволат понатамошно непочитување и понижување на Уставот и законите на земјата.

„Она на што сведочевме во последните неколку дена, да бидам прецизна, од моментот кога беа прогласени резултатите од вонредните парламентарни избори, односно од вечерта на 25 октомври, сето она што сите ние можевме да го видиме и што се случуваше во оваа земја, е апсолутно недозволиво и не смее да продолжи“, изјави Брнабиќ на прес-конференција во Претседателството.

Таа ги повика сите на мир, додавајќи дека некои покажале апсолутна неодговорност во победата.

„Го повикувам ова избрано парламентарно мнозинство, а секако знам дека опозицијата нема да прави никакви проблеми и никакви опструкции, што поскоро да започне со воспоставување на органите на власта и да не им дозволи на тепачите и насилниците да ја водат политиката, како што се случи. Ќе ви наведам и конкретни примери на случаи во кои беше покажан терор врз граѓаните, врз медиумите, врз политичките противници“, рече таа.

Таа порача дека победниците на изборите мора да преземат одговорност и да не дозволат непочитување на Уставот и законите на Србија, непочитување на институциите, како и да обезбедат основна човечка пристојност и почитување на достоинството на секој човек во земјата.

„Победивте на изборите, формирајте ги органите на власта, не дозволувајте повеќе насилниците и тепачите да ги малтретираат граѓаните на оваа земја, да ги понижуваат и газат институциите на оваа земја и не дозволувајте понатамошно непочитување и уништување на Уставот на Република Србија и законите на оваа земја“, порача Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе…

Вршителката на должноста претседател на Република Србија,…

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и…

По изборната победа во Србија, студентското движење…

Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…

Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…

Студентската листа во Србија бара оставки во…

Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…

Британски „Тајмс“: „Првиот куршум е за тебе“…

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ наводно размислувал…