Црна Гора ќе ја поддржи Македонија кога ќе влезе во ЕУ: „Што побрзо да се најдеме заедно таму“, порача Ивановиќ
Црна Гора ќе ја поддржува Македонија на патот кон Европската Унија, изјави денеска вицепремиерот на Црна Гора задолжен за надворешни и европски прашања, Филип Ивановиќ.
Ивановиќ, кој е во дводневна работна посета на Македонија, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, рече дека Црна Гора е предводник во евроинтеграциите во регионот и очекува да стане полноправна членка на ЕУ во 2028 година.
„Црна Гора се залага процесот на проширување да биде по заслуги и ЕУ не може да биде комплетна без сите држави од регионот. Затоа многу брзо кога Црна Гора ќе стане полноправна членка на Европската унија ќе биде силна поддршка и на Македонија во нејзиниот процес на евроинтеграција, со желба што побрзо да се најдеме заедно таму“ порача Ивановиќ.
Двајцата вицепремиери оценија дека политичката соработка меѓу двете држави е одлична и дека немаат отворени прашања, што создава можности за унапредување на соработката во други области.
На денешната средба беше договорена и директна авионска линија меѓу Тиват и Скопје, а Николоски информираше дека истата ќе почне да функционира од 1 мај и дека ќе има два лета неделно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…