Објавено на:

Четири лица уапсени по инцидентите пред Уставниот суд во Варшава, полицијата постави кордон

t

Четири лица се уапсени во петокот вечерта во Варшава, за време на инцидентите што се случија пред зградата на Уставниот суд, а полициски кордон и понатаму го обезбедува просторот околу седиштето на оваа судска институција.

Како што пренесува Newsmax Polska, три лица упаднале во просторот на Уставниот суд, прескокнувајќи ја оградата, додека четвртото лице било уапсено поради навредување полициски службеник.

Да потсетиме, политичари и граѓани собрани пред зградата на судот во петокот вечерта алармираа за наводно насилно преземање на Уставниот суд, по што следеле бројни полициски интервенции.

Поради инцидентите, полскиот претседател Карол Навроцки го прекинал патувањето во Сенегал и се вратил во земјата откако полицијата влегла во просториите на Уставниот суд.

Во соопштението полицијата навела дека припадниците на службите „го почитувале правото на учесниците на собирот мирно да ги изразат своите ставови“, додавајќи дека за време на спроведувањето на активностите „не биле употребени средства за принуда, како службени палки или рачни фрлачи на солзавец“.

Претседателот на полскиот Уставен суд, Богдан Швиенчковски, е суспендиран, како и потпретседателот на судот, Бартломеј Сохањски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири лица уапсени по инцидентите пред Уставниот…

Четири лица се уапсени во петокот вечерта…

(Видео) Недостиг на евра во менувачниците во…

Во Србија се забележува зголемена побарувачка за…

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

Девојче (15) доцна синоќа е пријавено за…

Бугарскиот печат и социолошките аналитичари за прогнозите…

Спроти вториот круг од изборите за седмиот…

Почина легендата на хрватската музика, Мишо Ковач

Според неофицијални информации до кои дошла „Слободна…