Уште еден висок полициски функционер во Србија повикан на информативен разговор во врска со случајот „Сењак“
Шефот на Службата за борба против организиран криминал (СБПОК) на Србија, Марко Зафировиќ, денес бил поканет како граѓанин на информативен разговор со полицијата во врска со случајот „Сењак“, објави медиумот Нова.рс.
Зафировиќ, според изворот на Нова.рс, добил покана за информативен разговор по наредба на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство во Белград.
По апсењето на шефот на Управата за криминалистичка полиција (УКП) Марко Кричак и началникот на Службата за сузбивање на криминалот (ССК) Бошко Секуловиќ, полицијата дополнително ги истражува сите околности во случајот на попречување на истрагата во случајот „Сењак“ и кој од полицајците учествувал во злоупотребата и тортурата на сопственикот на ресторанот во просториите на УКП кога бил испрашуван за убиството на Александар Нешовиќ на 12 мај оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден висок полициски функционер во Србија…
Шефот на Службата за борба против организиран…
Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне…
Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка
Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…
Брнабиќ: Повикам на мир, мнозинството да преземе…
Вршителката на должноста претседател на Република Србија,…