Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски предупредувања во Украина!
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски предупредувања во Украина!
Лажните предупредувања почнале да се испраќаат во неделата околу 22:47 часот (20:47 GMT), кога на корисниците низ Украина, на украински јазик, очигледно им биле испратени предупредувања за воздушни напади од највисоко ниво.
Дополнителни предупредувања биле испратени во Киев. Првото гласело: „Радијациска опасност. Во Киев е прогласена радијациска опасност“.
Следната порака, напишана на руски јазик, пристигнала во 22:48 часот и гласела: „Здраво! Низ Украина ќе биде прогласена нуклеарна тревога. Не грижете се, летува Орешник“.
Орешник е називот на руска балистичка ракета со среден дострел, која може да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави.
Третото предупредување, испратено во 22:49 часот, повторно на украински јазик, гласело: „Хемиска опасност. Постои закана од хемиски напад врз Киев. Не излегувајте надвор“.
Во 22:49 часот било испратено и четврто предупредување, во кое се наведувало дека постои „опасност од улични борби“ и дека „во Киев се водат улични борби“. На корисниците повторно им било советувано да не излегуваат надвор.
Во 23:53 часот, на телефоните на корисниците почнале да пристигнуваат серија пораки со известување дека опасноста поминала. Секоја од нив се однесувала на едно од претходните предупредувања и поединечно потврдувала дека соодветната закана е отстранета.
Не се знае многу за предупредувањата што биле испратени во Русија. Сепак, како што објавивме претходно, украинска шпионска група тврдела дека до корисниците во Русија биле испратени лажни предупредувања за нуклеарни напади.
Украинските власти претходно соопштија дека системот за предупредување бил хакиран, а дека предупредувањата за радијациска и хемиска опасност, како и за улични борби, биле лажни. Украинските воздухопловни сили нагласиле дека не постои радијациска закана и ги повикале граѓаните да ги следат официјалните информации.
И руските власти пријавиле кибернапад врз нивната апликација за предупредување, преку која биле испратени лажни пораки за нуклеарни напади. Засега не е потврдено дали двата инцидента се поврзани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…
(Видео) Украински дронови го погодија рускиот рафинериски…
Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта…
Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…