Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на претседателските избори

t

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј Ѓуров во вториот круг од претседателските избори во Бугарија. При обработени 99,95% од записниците на избирачките комисии, таа освоила 57,581% од гласовите, наспроти 39,467% за нејзиниот противкандидат, покажуваат податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) објавени во 7:30 часот на 2 ноември, пренесува БГНЕС.

На прво место е кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев, со 1.093.564 гласа, односно 57,581%.

На второто место се Андреј Ѓуров и Георги Кандев, со 749.543 гласа, односно 39,467%.

Опцијата „Не поддржувам никого“ ја избрале 56.070 гласачи, односно 2,952% од оние што гласале.

Разликата меѓу двете кандидатски двојки изнесува 344.021 глас.

Последната официјално објавена излезност од ЦИК изнесува 19,33% до 16 часот во неделата, 1 ноември. До тој момент на гласање излегле 1.282.848 избирачи од вкупно 6.637.274 лица со право на глас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над 56.000 Бугари гласале „за никого“ на…

Илијана Јотова оствари убедлива предност пред Андреј…

Јотова ја слави победата на претседателските избори…

Илијана Јотова по изборната победа им се…

Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на…

Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев…

Излезноста во Бугарија до 14 часот е…

Излезноста на претседателските избори во Бугарија до…

Ѓуров: Гласав за сигурна, стабилна и европска…

„Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија.…