САЈБЕРНАПАД ВО ШВЕДСКА: ХАКЕРИ ГИ ПРЕГРЕАЛЕ ФРИЖИДЕРИТЕ ВО ЧЕТИРИ СУПЕРМАРКЕТИ, УНИШТЕНА Е ХРАНАТА

t

Сајбернапад врз системите за ладење и замрзнување погодил најмалку четири супермаркети од синџирот ICA во јужна Шведска, при што температурите во разладните уреди наводно достигнале дури 50 степени Целзиусови. Поради инцидентот, една од продавниците била принудена привремено да ги затвори вратите, додека вработените ги празнат замрзнувачите и ја фрлаат расипаната храна.

Според информациите што ги објави шведскиот јавен сервис СВТ (SVT), нападот се случил во текот на ноќта, а погодени биле продавници во градовите и населените места Шебу (Sjöbo), Томелила (Tomelilla), Бросарп (Brösarp) и Сент Олoф (Sankt Olof), во регионот Сконе, на југот на Шведска.

Најсериозна била ситуацијата во продавницата во Шебу, која морала привремено да биде затворена. Во останатите објекти персоналот се соочил со последиците од дефектот на системите за ладење, при што големи количества храна станале неупотребливи.

Од продавницата во Сент Олоф информирале дека температурите почнале да се враќаат во нормала, но дека храната веќе била уништена.

Од компанијата ICA го потврдиле инцидентот и соопштиле дека им помагаат на погодените продавници.

Засега не е познато кој стои зад нападот, ниту дали станува збор за организирана хакерска група. Исто така, нема потврда дека инцидентот е поврзан со сличните напади врз супермаркети во Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САЈБЕРНАПАД ВО ШВЕДСКА: ХАКЕРИ ГИ ПРЕГРЕАЛЕ ФРИЖИДЕРИТЕ…

Сајбернапад врз системите за ладење и замрзнување…

Шведскиот премиер Кристерсон си поднесе оставка откако…

Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска поднесе оставка…

Шведскиот парламент изгласа намалување на возраста за…

Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Шведска усвои закон за мигранти — кој…

Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите…