Газдата на „Алта банка“ е приведен во Србија
Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура, бизнисмен близок до Српската напредна странка и сопственик на белградската „Алта банка“, на која ѝ беше одземена дозволата за работа и беше отворена стечајна постапка, објави Нова.
Пред ова, полицијата повеќе од 30 часа вршеше претрес во просториите на „Алта банка“ а.д. Белград почнувајќи уште од саботата откако Извршниот одбор на Народната банка на Србија, во саботата наутро, ѝ ја одзеде дозволата за работа на банката и прогласи стечај.
Давор Мацура е во центарот на вниманието на јавноста деновиве. Тој поседува голем број компании, било директно или преку своите корпоративни субјекти. Најзначајна е „Алта банка“ (Alta Banka), која пак ја поседува компанијата „Алта лизинг“ (Alta Leasing). Во директна сопственост на Давор Мацура или регистрирани на негово име се следниве субјекти: „Алта ритејл“ (Alta Retail – холдинг компанија), „Алта груп“ (Alta Group – холдинг компанија), „Алта холдинг“ (Alta Holding – уште една холдинг компанија), „Кампари интернешнал“ (Campari International – која се занимава со изградба на станбени и нестанбени објекти), „АБЛ Солвент“ (ABL Solvent – исто така вклучена во градежништвото) и „Алта пас“ (Alta Pass), која е регистрирана за неспецијализирана трговија на големо.
Преку „Алта ритејл“, тој поседува и неколку други компании. Најзначајна е „Идеа маркети“ (Idea Marketi d.o.o.) – позната по својот малопродажен синџир – која беше преземена од претходните сопственици во Хрватска. Тука спаѓа и „М-Профил СПВ“ (M-Profil SPV), која се занимава со управување со недвижен имот. Понатаму, „Алта ритејл“ ја поседува „Супер картица“ (Super Kartica d.o.o.), фирма регистрирана за истражување на пазарот и испитување на јавното мислење. Исто така, во негова сопственост е и „Ена фрут“ (Enna Fruit), која се занимава со неспецијализирана трговија на големо, како и „мСтарт бизнис солушнс“ (mStart Business Solutions d.o.o. – специјализирана за управување со компјутерска опрема). Преку „Алта груп“, тој ја поседува „Алта голд“ (Alta Gold), компанија што се занимава со производство на накит и сродни производи. „Алта груп“ исто така поседува удел од 51 % во „Прокоопак“ (Procoopac) – уште една компанија вклучена во изградбата на станбени објекти, објави „Форбс Србија“ (Forbes Serbia).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдата на „Алта банка“ е приведен во…
Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…
Уште еден висок полициски функционер во Србија…
Шефот на Службата за борба против организиран…
Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне…
Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската…
Уапсени високи полициски функционери во Србија: Истрага…
Началникот на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…
Директорот на Радио-телевизијата на Војводина поднесе оставка
Генералниот директор на Радио-телевизијата на Војводина (РТВ),…