ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА: Романија крена шпански борбени авиони Ф-18 и активираше тревога
Две воздушни цели биле забележани во близина на границата со Украина во текот на ноќта меѓу 2 и 3 ноември, соопшти Министерството за одбрана на Романија. Поради инцидентот, два борбени авиони Ф-18 на шпанските воздухопловни сили полетале од воздухопловната база „Михаил Когелничану“, а жителите на северниот дел на округот Тулча добиле предупредувачки пораки преку системот RO-ALERT.
Според романското Министерство за одбрана, радарските системи идентификувале две воздушни цели во реонот на украинските градови Измаил и Килија, кои се наоѓаат во близина на романската територија, објави телевизијата B1 TV. Истовремено, украинскиот Центар за воздушни операции потврдил присуство на неколку дронови во регионот, меѓу кои и во близина на градот Вилково, пренесе БГНЕС.
По забележувањето на воздушните цели, двата шпански авиони Ф-18, кои извршуваат мисии за заштита на воздушниот простор, полетале од 57-та воздухопловна база „Михаил Когелничану“.
Романските воени власти го известиле Генералниот инспекторат за вонредни ситуации за потребата од активирање предупредувачки мерки за населението во северниот дел на округот Тулча.
Романското Министерство за одбрана појаснило дека при следењето на воздушните цели не било утврдено нарушување на воздушниот простор на земјата. Иако дроновите биле забележани во близина на границата, нема информации дека навлегле на романска територија.
Предупредувањето преку системот RO-ALERT било испратено во 23:43 часот, со цел жителите на округот Тулча да бидат информирани за присуството на беспилотни летала во пограничниот регион.
Воздушната тревога била укината во 00:21 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Украина уништи руска воена опрема вредна 70…
Украинските сили уништиле руска воена опрема со…
Само за три дена Украина онеспособи околу…
Украинските одбранбени сили во последните три дена…