Се проверува авион од Израел на аеродромот во Софија поради закана за бомба
Авион од Израел слетал во Софија и во моментов го проверуваат припадници на Специјализираниот одред за борба против тероризмот поради сомнеж за евентуално поставени експлозивни направи. Ова го соопшти вршителот на должноста главен секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Љубомир Николов.
Николов изјави дека дојавите се однесуваат на тврдења за поставени експлозивни направи, а во врска со вчерашната закана сè уште се утврдува кој конкретно ја испратил.
Тој потсети дека во претходни слични случаи биле откриени електронски адреси од кои биле испраќани пораките, при што IP-адресите биле лоцирани на територијата на други европски држави.
„Непријатно е што веќе почнаа да вклучуваат и некои авиокомпании, поради што се наложува промена на маршрутата на авионот и преземање соодветни мерки“, посочи главниот комесар Николов.
Засега нема информации за конкретни терористички намери или дејствија. Безбедносните мерки на аеродромите се засилени, а службите одржуваат постојана подготвеност за реакција.
Синоќа и лет на „Визер“, кој сообраќал од Лондон кон Софија, добил закана за бомба. Поради тоа, авионот морал принудно да слета во Будимпешта, објави унгарската новинска агенција МТИ, повикувајќи се на БТА.
Закани и во други земји
Закана за бомба принудила патнички авион што летал од Лондон да изврши принудно слетување во Полска. Втора закана довела и до приземјување на лет од Данска.
Во авионот на полската авиокомпанија ЛОТ, кој летал од Лондон, имало 181 патник. Во 9:54 часот била упатена закана за бомба во авионот, а седум минути подоцна „Боинг 737 Макс“ слетал на аеродромот „Варшава-Модлин“.
Втора закана за бомба била упатена и кон лет на авиокомпанијата САС од Копенхаген до Варшава. Авионот слетал на аеродромот „Шопен“, каде што бил подложен на проверка.
Данскиот весник „БТ“ објави фотографии на кои се гледаат кучиња обучени за откривање опасни материи во близина на авионот. Според информациите на „Гардијан“, била добиена дојава за потенцијално опасен предмет во авионот на САС, кој во моментот бил проверуван од безбедносните служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…
Рекордна излезност на изборите во Израел: До…
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…