Министерот Тошковски за случајот со Михаилова: Истрагата е активна, Бугарија крие криминалци
Три недели по откако Ива Михаилова замина во Бугарија – македонската полиција се уште не споделува информации – дали и какви пропусти се утврдени кај македонските институции.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски упати жестоки критики кон Бугарија дека штити осомничени и осудени криминалци, но не кажа детали за истрагата на МВР.
Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи: „Навистина жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци, тоа не доликува на една земја членка на ЕУ и се надевам дека во иднина ќе го коригираат својот однос во насока на вистинско имплементирање и почитување на европските вредности затоа што заштита на криминал и заштита на луѓе кои се сомничат за криминал не доликува на една европска демократска држава. Истрагата е активна се уште немаме во овој момент информации кои што би можеле да ги споделиме со јавноста, кога ќе ја затвориме јавноста ќе биде информирана за се она што го сработило МВР“…
Во меѓувреме Министерот за здравство Сашо Клековски најави стручна комисија за надзор која ќе треба да истражи дали има пропусти во лекарските извештаи за здравствената состојба на Михаилова.
Покрај Клиниката за неврологија, под стручен надзор ќе бидат и други болници и клиники каде Михаилова се лекувала, а во комисијата ќе се ангажираат и странски експерти.
Сашо Клековски – Министер за здравство: „Завршивме со првичниот инспекциски надзор од ДСЗИ. Опфатени се повеќе болници, освен Клиниката за неврологија, и болниците во Кочани, Штип и уште една здравствена установа. Деновиве ќе формирам комисија, а поради сензитивноста на случајот ќе барам експерти надвор од земјата да направат ревизија на случајот “…
Случајот со Михаилова предизвика политички и дипломатски реакции во Македонија и Бугарија.. Михаилова е обвинета за тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот, за сообраќајна незгода која ја предизвика во октомври минатата година а во која загина едно лице.
МВР распиша меѓународна потерница по неа, а судот во Кочани соопшти дека ќе и се суди во отсуство. Премиерот Мицкоски неодамна за случајот порача дека Михаилова ќе одговара кога – тогаш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот Тошковски за случајот со Михаилова: Истрагата…
Три недели по откако Ива Михаилова замина…
„Канал 14“: Во Израел очекуваат Трамп да…
Во Израел проценуваат дека американскиот претседател Доналд…
Венс по изборниот пораз: „Причината поради која…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја посочи…
САД придвижуваат редок разузнавачки авион кон исток,…
Американскиот разузнавачки авион RC-135U „Комбат сент“ е…
Дрекслермајер затвора во Србија, повеќе од илјада…
Германската компанија „Дрекслмаер“, производител на кабелски сетови…