„Фемицидот мора да се спречи пред да се случи!“ — утре мирен протест во Богданци во чест на младата Билјана
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“ е најавен за утре во 19 часот во Градскиот парк во Богданци. Собирот се организира во чест на 17-годишната Билјана, за која постојат сомнежи дека била убиена од нејзиното 21-годишно момче.
Целта на собирот е да се побара одговорност, заштита на жените и итна акција од институциите.
„Нејзиниот глас е замолчен, но нашиот мора да биде погласен од кога било“, се наведува во повикот објавен на социјалните мрежи,
Иницијаторите порачуваат дека фемицидот мора да се спречи пред да се случи и дека институциите треба навреме да реагираат за да се заштитат животите на жените.
„Секој изгубен живот е системски неуспех, секоја премолчена жртва е заеднички пораз. Не смееме да дозволиме повеќе ниту една жена да живее во страв, ниту едно семејство да биде завиено во црно“, стои во повикот.
Се нагласува дека протестот нема партиски карактер и дека е отворен за сите граѓани кои сакаат да побараат правда и заштита од насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…
Аларманти бројки: Македонија трета во Европа по…
Македонија се најде на третото место во…
ОН: На секои десет минути жена е…
ОН вчера соопшти дека минатата година речиси…
Протест во Мостар поради фемицидот врз Алдина…
По новиот случај на фемицид, во кој…
СДСМ: За навредите на Миленко кон жените…
Во денови кога Македонија е потресена од…