Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија – сега е време да ги искористиме можностите
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите на Северна Македонија на патот кон европските интеграции, а поддршката за нејзината европска иднина останува непроменета. Ова го порача евроамбасадорот Михалис Рокас, осврнувајќи се на годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.
Рокас истакна дека Европската Унија ги препознава постигнувањата на државата, нејзиниот потенцијал, но и европските аспирации на граѓаните.
„Европската Унија ги препознава вашите напори и достигнувањата на Северна Македонија, потенцијалот и аспирациите на народот. Нашата посветеност на вашата иднина во Европската Унија останува цврста и непроменета“, порача Рокас.
Тој нагласи дека Извештајот за проширувањето за 2026 година претставува јасен патоказ за следните чекори и реформите што треба да се спроведат на патот кон членство во Унијата.
Според евроамбасадорот, сега е моментот земјата да ги искористи можностите што ги нуди европската перспектива и да продолжи со напорите за исполнување на реформските приоритети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…
Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Мицкоски: Членството во ЕУ значи промена со…
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше…
ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…
Македонија и во најновиот извештај на Европската…