Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, извозот расте со стапка од 22 до 23 отсто, а увозот само со 8-9 отсто

t

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на Државниот завод за статистика за увозот и извозот за септември годинава покажуваат историски најголема разлика помеѓу нив во корист на извозот, кој расте со стапка од 22- до 3 проценти во евра, а увозот се зголемува со стапка 8-9 во евра и сето тоа, како што нагласи, во услови кога имаме историски најголема енергетска криза. Според него, во овој трет квартал од оваа година за 85-86 милиони евра е помала разликата помеѓу увозот и извозот во споредба со третиот квартал лани.

-Вчера, ДЗС објави многу значајни параметри и податоци. Имено, ги објави податоците за септември увоз – извоз, односно трговската размена што ја правиме со светот. Она што можам да го забележам е историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, односно во септември извозот расте со стапка од 22 до 23 отсто во евра, а увозот се зголемува со стапка 8-9 отсто во евра во услови кога имаме историски најголема енергетска криза. Ги знаете цените на нафтените деривати. Значи, многу побргу растеме како извоз отколку како увоз – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на Пирава.

Според него, ако се направи анализа на третиот квартал оваа година, ќе се дојде до заклучок дека во овој трет квартал од оваа година за 85-86 милиони евра е помала разликата помеѓу увозот и извозот во споредба со третиот квартал од претходната година.

-Тоа значи дека повеќе девизи влегуваат во државата. Уште еден податок, кој, за жал за опозицијата, е несреќен. Тие сакаат таа разлика да се зголемува, што е можно повеќе да се одливаат девизи. Но, за нивна жал, а за доброто на граѓаните, оваа Влада работи и испорачува резултати и тие резултати се гледаат низ призмата на бројките, а не низ призмата на гола политика, конструкции и лаги што тие ги кажуваат – рече премиерот Мицкоски прашан за став во врска со последните податоци што ги објави ДЗС за увозот и извозот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека податоците на…

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

Спречен увоз на над 26 тони пилешко…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

ЕУ го забранува увозот на руски течен…

Европската Унија планира да забрани увоз на…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…