Кличко ги повика жителите на Киев да се подготват за најлошото сценарио во текот на зимата
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика жителите на украинската престолнина да се подготват за различни можни сценарија во текот на претстојната зима, вклучително и за најнеповолното, предупредувајќи дека би било погрешно да се игнорира можноста за сериозно влошување на ситуацијата.
„Наша задача е да предвидиме различни сценарија. Би било голема грешка да не се земе предвид најлошото, најтешкото сценарио. Исто така, ги повикуваме жителите и самите да размислат за различни можности“, изјави Кличко во интервју за украинскиот телевизиски канал „Суспільне“.
Тој нагласи дека неговата намера не е да предизвика паника, туку да ги потсети граѓаните дека мора да бидат свесни за можните ризици и подготвени за различни околности.
Кличко изрази надеж дека Киев ќе успее да го избегне најлошото сценарио.
Градоначалникот укажа на ранливоста на системот за централно греење во Киев, кој, според него, е најголем од ваков вид во светот, но истовремено и многу чувствителен на оштетувања.
Според него, во текот на минатата зима, системот морал да се рестартира десетици пати.
Градските власти подготвија резерви на вода за пиење, обезбедија бунари опремени со генератори кои можат да го снабдуваат населението со вода, како и залихи на храна и лекови.
Сепак, Кличко истакна дека подготовките на градските служби не се доволни без одговорен однос од страна на самите жители, кои исто така треба да размислат како ќе постапат во случај на сериозни прекини во снабдувањето.
Кличко исто така предупреди на последиците од оштетување на енергетската инфраструктура, наведувајќи дека резервните генератори не можат целосно да ги задоволат потребите за електрична енергија на еден град со милионско население.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кличко ги повика жителите на Киев да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…
Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…
Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…