Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема договор за заедничко одбележување на годишнината од смртта на Даме Груев

t

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Скопјe, завршил без резултати, објави БТА.

Бугарските претставници повторно не успеаја да постигнат договор со своите колеги од Северна Македонија за претставување на Охридската архиепископија во учебниците по историја, а предлогот за заедничко одбележување на годишнината од смртта на Дамјан Груев беше дочекан со молчење.

Ова е уште еден доказ за продлабочувањето на стагнацијата во работата на телото, кое требаше да помогне во надминување на историските противречности и градење добрососедски односи меѓу двете земји, оценува угарскиот медиум.

За време на состанокот, бугарската страна повторно предложила заедничко одбележување на Дамјан Груев, а во декември 2026 година се навршуваат 120 години од смртта на револуционерот, една од значајните личности како што се смета и во историја на Бугарија и во Македонија. Сепак, иницијативата, според истиот извор, не добила одговор од македонските претставници.

Наместо тоа, македонската страна презентирала претходно подготвен текст за заедничко одбележување на отпорот против антисемитизмот, фашизмот и националсоцијализмот, кој започна во двете земји во 1941 година. Бугарските претставници го отфрлиле предлогот, тврдејќи дека овој отпор се одбележува низ цела Европа и не треба да се ограничува на билатерална иницијатива, додека работата на комисијата продолжува да се фокусира на нерешени прашања од 11 век.

Ова е петти состанок на комисијата за 2026 година. За време на состанокот, бугарските историчари уште еднаш потсетиле на очекувањата на Европскиот парламент и Европската комисија за постигнување јасни и конкретни резултати.

Во извештајот на Европската комисија, исто така, се забележува дека се одржани четири состаноци помеѓу септември 2025 година и март 2026 година, без да се постигнат никакви конкретни резултати.

Следниот состанок е закажан за почетокот на декември во Софија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…

Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…

Во официјалниот регистар на помилувања што го…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Касис понуди помош од ОБСЕ за Македонија…

Продлабочување на билатералната соработка, зајакнување на економските…

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…

Дијалогот што во моментов се води во…