Украински напад врз една од најголемите руски рафинерии: Голем пожар во Кириши, загина жена
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта во Кириши, во северозападниот дел на Русија, предизвикувајќи голем пожар во нејзиниот комплекс. Станува збор за втората најголема рафинерија во земјата. Во нападот загинала жена, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Регионот е важен центар за рускиот извоз на нафта и жито преку Балтичкото Море.
Нападот е дел од серијата украински удари врз руски рафинерии, кои Киев ги интензивира од крајот на октомври, по неуспехот да се спроведе енергетското примирје најавено од американскиот претседател Доналд Трамп. Рафинеријата во Кириши и претходно била цел на украински напади.
Објектот, познат како „Киришинефтеоргсинтез“, има капацитет за преработка на 20 милиони тони нафта годишно, односно околу 400.000 барели дневно.
На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои, според наводите, се гледа голем пожар во комплексот на рафинеријата. Снимките засега не се независно потврдени.
Во објава на платформата „Телеграм“, гувернерот Дрозденко соопшти дека властите успеале да го стават пожарот под контрола и да се справат со последиците од нападот.
Тој додаде дека жена загинала откако делови од соборено беспилотно летало паднале врз покривот на станбена зграда во градот Всеволожск. Според него, руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборила вкупно 113 украински дронови. Во нападот биле оштетени и станбени објекти во градот Кириши.
Рафинеријата се наоѓа на околу 800 километри од границата со Украина.
Украинските напади врз руските нафтени капацитети повеќепати предизвикаа реакции од Трамп, кој ги поврзуваше со растот на цените на дизелот и бензинот во САД.
Повисоките цени на горивата беа еден од факторите што придонесоа за подобриот изборен резултат на демократите на минатонеделните конгресни избори. Сепак, американскиот претседател потоа оцени дека значајна улога во наглиот раст на цените имала и неговата одлука, заедно со Израел, да започне напад врз Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…