НБ: Од денес достапни електронското и мобилното банкарство во Алта банка, од утре се отвора експозитурата во Скопје
Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата и користење на банкарските услуги на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.
„Во рамките на активностите за обезбедување полесен пристап до средствата и непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, клиентите на Банката од денес, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.
Лимитот се применува збирно за сите сметки во Банката и ги опфаќа следниве канали: плаќање со картички во трговија или електронска трговија, повлекување готовина од банкомати, повлекување готовина на шалтер во експозитура, како и плаќања преку електронско и мобилно банкарство.
Исто така, од утре со работа ќе започне и експозитура на „АЛТА банка“ АД Битола во Скопје, поконкретно експозитурата во Трговскиот центар „Бисер“, на адресата бул. „Јане Сандански“ бр. 1/1. Со отворањето на оваа експозитура, клиентите на Банката од Скопје и околината ќе добијат полесен пристап до банкарските услуги, без потреба да патуваат во другите градови.
Продолжуваат со работа и експозитурите во Битола, Струмица и Тетово, каде што клиентите можат да ги користат услугите коишто им беа овозможени досега, односно подигање готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и останати потреби.
Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за постепено проширување на достапноста на банкарските услуги, со приоритет да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.
„АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи, а привремената администрација е заштитна мерка којашто се применува до разрешување на сопственичката состојба. Приоритет на Народната банка останува заштитата на интересите на клиентите и зачувувањето на стабилноста на Банката“ соопштија од Народна банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Банките по Нова година со зголемена каматна…
Банките се во финални анализи и пресметки…
Американските банки најголеми финансиери на руските “јаглеродни…
Банки од САД и од Обединетото Кралство…
Украина планира да ги тужи западните банки…
Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…
Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…
Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…
Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…
Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…