Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
Владата на денешната седница ја усвои потребата од добивање итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел за полагање на правосудниот испит, со цел да се обезбеди независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на решението со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.
Во рамките на постапката, како што соопшти Министерството за правда, известителите на Венециската комисија ќе остварат средби со претставници на релевантните институции, парламентарните политички партии, деканите на петте правни факултети и претставници на студентските организации.
Предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во Министерството за правда.
– Предложениот модел предвидува единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди – нагласуваат од МП.
Венециската комисија е советодавно тело на Советот на Европа во кое се застапени 61 држави членки. Нејзиното мислење треба да обезбеди независна меѓународна експертска перспектива во оценувањето на предложеното законско решение.
– Од Владата посочуваат дека определбата е законите да се темелат на Уставот, правото и европските стандарди, а решенијата да произлегуваат од правни аргументи и стручна анализа – се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата бара итно мислење од Венециската комисија…
Владата на денешната седница ја усвои потребата…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Според локалните медиуми, кривичната постапка под број…
„УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА ЗГАСНАТ?“ –…
„До кога ќе ни се повторуваат трагедии…
Сејф сити“ ќе ја покрие цела Македонија
Министри, директори и црковни лица – никој…
Кина собори економски рекорд: Трговскиот суфицит надмина…
Кинескиот трговски суфицит достигна 1,04 трилиони долари…