Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура да преземе акции од јавни претпријатија во Македонија

t

Секој кој ќе ги исполни условите може слободно да води бизнис во Македонија, рече денес премиерот Мицкоски во одговор на прашањата од пратеници упратени кон Претседателот на Владата, на надзорната расправа за Алта банка. Според Мицкоски тоа се случувало во минатото, кога одредени политички структури се обидувале да го контролираат бизнисот во Македонија.

На прашањето дали се познава со сопственикот на Алта банка Србија, Давор Мацура, Мицкоски одговори дека не се познава.

Мицкоски претстави информација за владина расправа во периодот кога Димитар Ковачевски е претседател на Владата, кога членовите на тогашната Влада гласале да се даде право на Државното правобранителство, акциите сопственост на претпријатија од Македонија да му ги отуѓат на Давор Мацура. Седницата е на 24 октомври 2023 година, објасни Мицкоски.

За јавните претпријатија кои отуѓувале акции за време на трансакцијата кога се случувала продажбата на Стобанска банка АД Битола, Мицкоски нагласи дека Алта банка ја купува Стопанска банка АД Битола од приватни акционери, а државата не била во можност поради распишаните локални избори, да се даде насока за постапување. По купопродажбата на Стопанска Банка АД Битола, Службен весник објавува дека мнозински сопственик е Алта банка Србија, а откако завршуваат изборите, Владата носи одлука со која се препорачува Управните однори на тие јавни претпријатија да донесат одлука што ќе прават со акциите што ги поседуваат во банката.

За Еуростандард банка Мицкоски кажа дека тоа е брутално пропаѓање на една банка, со претходно исцрпување на банката преку кредити од фирми блиски до една политичка партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…