Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква надлежност во продажбата на акции од банки
На надзорната расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија, денес сведочеше и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Според Димитриеска Кочоска, Министерството не може да преземе туѓи надлежности, особено не надлежности на институции како НБРМ.
Димитриеска Кочоска одговараше на прашањата на пратениците Фатмир Битиќи од СДСМ, Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, независниот пратеник Миле Цеков, Зекирија Таири од ВЛЕН и Весна Бендевска од ЗНАМ.
Министерката ја наведе хронологијата на настаните од давањето на претходна согласност на НБРМ, купувањето акции на берза, објава во Службен весник, до дискусијата во Владата дали има институции кои имаат акции во Стопанска банка АД Битола. Во заклучоците стои дека треба да се разгледа можноста за прифаќање или одбивање на понудата за преземање на акции, меѓутоа треба да се внимава на забраната за оужување на државен капитал за време на избори.
Во однос на надлежностите на МФ, министерката кажа дека нема никаква надлежност во постапката за купопродажба на акции, целата контрола, супервизија и надзор е од страна на Народната банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Надоместоци исплаќани без критериум, пропусти во трошоците:…
Државниот завод за ревизија изрази мислење без…
Норвешка одвојува околу 40 милиони евра за…
Норвешка одвојува 425 милиони норвешки круни (околу…
Левица: Владата троши, народот штети – Фискална…
Во Собранието пристигна Предлог-ребалансот на Буџетот за…
Ситуацијата со долгот на Америка рапидно се…
Задолжувањето на САД оваа година е на…
Издадена е втората граѓанска обврзница од 17…
Издадена е втората граѓанска обврзница во износ…