Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации за Алта банка за кои требало да го предупреди државниот врв

t

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, сведочеше на денешната надзорна расправа за Алта банка во Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија.

Директорката во своето обраќање кажа дека Агенцијата за разузнавање ги следи приоритетите на НАТО, а во периодот на влезот на Алта банка Агенцијата не располагала со било какви податоци кои наложувале предупредување на државниот врв. Јаковлевска уведи дека Агенцијата редовно ги следи случувањата во регионот кои можат да се прелеат во Македонија.

Директорката одговори на прашањата на пратеничките Славјанка Петровска од СДСМ, Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

АР остварува меѓународна соработка, учествува во системот на колективна безбедност, рече директорката на АР и ја покани Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР да изврши надзор за да може да се споделат и информации од класифициран карактер кои не може да се споделат со пошироката јавност.

АР нема информации за поединечни контакти на определени лица со Давор Мацура, рече Јаковлева.

Во одговор на прашање на пратениците, Јаковлева наведе дека се следи војната во Украина и војната во Иран, како и други безбедносни закани и регионалните кризи, странското мешање и манипулации поврзани со тероризам и радикализам, финансирање на тероризам, злоупотреба на миграцијата и други дејствија и сајбер активностите. За сите овие активности редовно се известува државниот врв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британската разузнавачка агенција не знае каде се…

Британската разузнавачка агенција GCHQ не може да…

Џеј Клејтон e нов директор на националното…

Сенатот на САД го потврди назначувањето на…

Зеленски: Украина има докази дека Русија му…

Украинската воена разузнавачка служба има „неоспорни“ докази…

Њујорк Тајмс: Иранските разузнавачи изразиле отвореност за…

Оперативци од иранското Министерство за разузнавање сигнализираа…

ИДФ кажа кои врвни ирански разузнавачки офицери…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавуваат дека неколку…