Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за секој барале по 15.000 евра откуп
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна и Херцеговина под сомнение дека учествувале во киднапирање на петмина свои сонародници, од кои барале по 15.000 евра за нивно ослободување, јавија босанските медиуми.
Според информациите од Федералната управа на полицијата (ФУП), петмината кинески државјани биле жртви на киднапирање за време на организиран нелегален транспорт низ Босна и Херцеговина, со цел да продолжат кон Италија.
Полицијата утврдила дека жртвите биле незаконски лишени од слобода, физички и психички малтретирани, а биле изложени и на сексуално насилство и изнуда. За нивното ослободување биле барани по 15.000 евра, со закани по живот доколку не ги исплатат парите. Од дел од жртвите пари биле изнудувани и преку апликации за електронско плаќање.
Во рамки на истрагата, на 6 ноември, по наредба на Судот на БиХ и под надзор на државното обвинителство, биле извршени претреси на станбени и други објекти на подрачјето на сараевската општина Илиџа. Притоа биле пронајдени и одземени мобилни телефони и пари во различни валути.
Двајцата кинески државјани биле приведени под сомнение за учество во организирање нелегален транспорт на мигранти, а по криминалистичката обработка биле предадени на Службата за работи со странци на БиХ.
Федералната управа на полицијата поднела извештај до Обвинителството на БиХ против три лица – двајца кинески и еден пакистански државјанин, поради сомнение за организирање група за криумчарење мигранти.
Од полицијата информираат дека истрагата продолжува, а во координација со Обвинителството се преземаат активности за идентификување на сите лица поврзани со случајот и целосно документирање на кривичните дела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…
Почина Рускиот амбасадор во САД
Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…
Позната компанија во стечај направила штета од…
Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…