Објавено на:

Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да не поднесува оставка поради аферата со наводната кинеска шпионка

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски разговарал со Џенсен Хуанг и го охрабрил да се бори за својата позиција на чело на компанијата „Нвидиа“ (Nvidia), објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на двајца извори запознаени со разговорот.

Хуанг во четвртокот се повлекол од функцијата главен извршен директор на компанијата, во екот на скандалот поврзан со неговите наводни врски со кинеска бизнисменка, за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека шпионирала за Пекинг.

Телефонскиот разговор е последниот пример за поддршката што Трамп му ја дава на Хуанг, кој стана еден од најблиските сојузници на американскиот претседател во Силиконската Долина и важен советник за прашања поврзани со вештачката интелигенција.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“, Трамп најмалку двапати бил предупреден за врската на Хуанг со кинеската државјанка – првпат кон крајот на минатата година, а потоа повторно напролет. И покрај тоа, во мај ја повел со себе на патување во Кина.

Советниците на Трамп за весникот изјавиле дека претседателот ја сметал „Нвидиа“ за компанија од преголемо значење за да ѝ биде дозволено да пропадне. Тој бил загрижен и за можните последици што смената на Хуанг би можела да ги има врз финансиските пазари.

„Нвидиа“ има клучна улога во развојот на вештачката интелигенција, а Трамп се надева дека инвестициите во оваа индустрија ќе ја поттикнат американската економија и ќе им помогнат на САД да ја задржат предноста пред Кина.

„Нвидиа“ во четвртокот објави дека Хуанг веднаш се повлекува од функциите главен извршен директор, претседател и член на Управниот одбор.

Привремено ќе го замени финансиската директорка Колет Крес, додека Управниот одбор бара трајно решение и негов наследник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…

Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…

Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…

Зеленски и додели орден на Меланија Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на првата дама…

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…