Пронајдено тело на машко лице по гаснењето на пожарот во Жданец

t

Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна во скопската населба Жданец, по целосното гаснење на огнот во опожарената барака било пронајдено безживотно тело на машко лице. Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен вчера, околу 23:40 часот, на улицата „Жданец“ во Скопје.

Огнот ја зафатил бараката во сопственост на 56-годишен скопјанец, која целосно изгорела. Во гаснењето интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, со 19 пожарникари и седум противпожарни возила.По локализирањето и целосното гаснење на пожарот, во објектот било пронајдено телото на починатиот маж.

МВР работи на расчистување на причините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…

Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…

Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…

Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…

Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела…

Хорор во Охрид: Ја тепал девојката до…

Ужас го потресе Охрид, откако триесет и…

По снимките во кои зборува за притисок…

Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека…