Семејството на Сара до СДСМ: Откажете го протестот – нашата борба нема политичка заднина

t

Форумот на жени на СДСМ ги повика граѓаните да се приклучат на протестот закажан за 17 ноември во 18 часот пред СВР Охрид, во знак на поддршка на Сара Георгиевска и на жените жртви на насилство. Семејството на Сара, во разговор за „Охрид1“, апелираше да се откаже одделно најавениот граѓански протест пред Основното јавно обвинителство и побара случајот да не се политизира. Родителите се заблагодарија за поддршката од јавноста и порачаа дека по определувањето притвор за осомничениот сакаат институциите да си ја завршат работата, а нивната ќерка да има мир за да закрепне.

Семејството на младата Сара Георгиевска од Охрид, која беше жртва на брутално физичко насилство, во разговор за Ohrid1 апелира до граѓаните да се откажат од најавениот протест за утре пред Основното јавно обвинителство во Охрид. Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка.

По промената на јавниот обвинител кој постапуваше по предметот, Стојанчо Арнаудоски, и преземањето на случајот од обвинителката Викторија Коваческа Мандулоска, според информациите со кои располага Ohrid1, побаран е и определен притвор за осомничениот, кој повторно се враќа во притвор.

Семејството на Сара за Ohrid1 вели дека е задоволно од последниот развој на настаните и дека сега сака единствено институциите да си ја завршат работата, а нивната ќерка да добие мир.

Тие раскажуваат дека зад нив се повеќе од 40 часа вистинска голгота поболниците, исполнета со страв, неизвесност и огромен психички притисок. Сара сѐ уште е во шок од преживеаното и полека се обидува да закрепне.

Нејзините родители откриваат дека таа воопшто не е информирана за најавениот протест, ниту пак има претстава за размерите на реакциите во јавноста.

„Нашата ќерка сѐ уште не знае каков одек има случајот во јавноста. Не знае што сѐ е објавено, ниту дека се најавува протест. Таа сѐ уште е во шок и полека се враќа на себе. Нам сега ни треба мир“, е пораката што семејството ја пренесува во разговорот за Ohrid1.

Родителите нагласуваат дека нивната борба нема никаква политичка заднина, ниту пак сакаат трагедијата на нивната ќерка да биде искористена за политички цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејството на Сара до СДСМ: Откажете го…

Форумот на жени на СДСМ ги повика…

(Видео) Филипче: Власта свесно го запира европскиот…

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот…

Мицкоски: Нема гаранции дека уставните измени се…

Премиерот Христијан Мицкоски на Форумот за проширување…

Мајка си ги малтретирала малите деца, ги…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Е.(28)…

Без промени на даноците во 2027 година,…

Предлог-буџетот за 2027 година е креиран со…