Ахмети: Предвремените парламентарни избори се најсоодветниот одговор на предизвиците што претстојат

t

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека предвремените парламентарни избори се единствениот излез од актуелната политичка состојба во земјава.

Во изјава за ТВ21, Ахмети порача дека државата се соочува со сериозни предизвици и дека е неопходно да се одржат предвремени избори за да се понудат решенија за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

„Единственото решение за државата е одржување предвремени парламентарни избори. И самиот господин Христијан Мицкоски изјави дека нè очекуваат тешки денови и тешка година. Затоа, за да се одговори на предизвиците и да се понудат решенија за граѓаните, единствениот излез се предвремените парламентарни избори“, изјави Ахмети.

На прашањето на ТВ21 дали е оптимист дека ќе се одржат предвремени парламентарни избори, лидерот на ДУИ беше дециден:

„Сметам дека друго решение, освен избори, не постои“, порача Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ одобри најголема транша помош за Украина…

Советот на Европската унија одобри исплата на…

(Видео) Трамп: Путин е поблаг во однос…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

Филипче: Протестот во Охрид утре ќе се…

Најавениот протест на Форумот на жени на…

Водата во Струга е забранета за пиење

Водата во Струга е забранета за пиење…