Објавено на:

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: „ЌЕ ПЛАТАТ ЦЕНА КАКВА НИЕДНА ЗЕМЈА ДОСЕГА НЕ ПЛАТИЛА“

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран ќе плати многу висока цена доколку изврши напад врз Вашингтон.

„Ако тоа се случи, тие ќе платат цена каква што ниту една земја досега не платила“, им рече Трамп на новинарите во Манила, каде што пристигна денеска.

Претходно, медиумите објавија дека нови американски разузнавачки информации укажуваат оти Иран развива планови за напад врз високи функционери од администрацијата на Трамп, со детонирање на таканаречена „валкана“ бомба или употреба на хемиско оружје во Вашингтон.

Трамп рече дека се надева оти Иран не планира таков напад, но нагласи дека американската администрација сериозно ги сфаќа овие наводи.

„Ова го сфаќаме многу сериозно, бидејќи се покажа дека тие се луди. Затоа и не смеат да поседуваат нуклеарно оружје“, заклучи Трамп.

Техеран ги негира наводите за план за детонирање „валкана“ бомба во Вашингтон

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи ги негираше наводите на Си-Ен-Ен дека Техеран планира да детонира „валкана“ бомба во Вашингтон.

Во објава на социјалната мрежа Икс, портпаролот ги оцени овие тврдења како „неосновани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНИ НА ИРАН: „ЌЕ…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…

(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…

АНБ во соработка со МВР откри и…

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…

Бесент: Иран се соочува со историски економски…

Иранската економија се соочува со еден од…

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…