Танкер потона во близина на бугарскиот брег во Црното Море, армијата учествува во операција за спасување на екипажот
Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји источно од бугарскиот брег во Црното Море, а војници и авиони од бугарските воздухопловни сили учествуваат во операција за пребарување и спасување на неговиот екипаж, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Бугарија. Авион Су-25 од ВВС полета во 10:25 часот по локално време и изврши воздушно извидување на областа, јави БТА.
Војниците дејствуваат по наредба од началникот на одбраната и барање од Главната дирекција „Итни и спасувачки активности“ при Извршната агенција „Поморска администрација“ за учество на авијацијата во активностите за пребарување.
Бродот „ГАС ХАСКИ“ исчезна од радарот кратко по полноќ, а во 8:02 часот утрово по локлално време упатија повик за помош. Танкерот испратил повик за помош во близина на бугарскиот брег на Црното Море, само неколку десетици милји од местото каде што дрон вчера удри друг брод, јавија локални медиуми.
Товарен брод со сомалиско знаме, исто така, пријави сигнал за помош во бугарската ексклузивна економска зона на Црното Море еден ден претходно. Сите 12 членови на екипажот беа успешно евакуирани.
Во последните недели, во ексклузивната економска зона се регистрирани неколку инциденти со бродови, од кои некои потонаа, а морнарите ги загубија животите. Бродовите беа нападнати со беспилотни летала, а сè уште нема официјални информации за тоа кој е одговорен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Танкер потона во близина на бугарскиот брег…
Танкерот „ГАС ХАСКИ“ потона околу 50 милји…
„Имам голем проблем да барам од вас…
Вие пратениците нè претставувате нас, ги претставувате…
„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…
Хорор во Србија: Десет деца повредени на…
Десет деца на возраст од осум и…
Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…
Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…