Речиси пет години биле хакирани државните мрежи во Бугарија – украдени над 130 гигабајти документи
Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале таен пристап до информациските системи на бугарските институции. Во тој период биле извлечени најмалку 130 гигабајти државни документи, односно повеќе од 62 милиони страници. Операцијата била откриена и прекината во август годинава, соопшти бугарскиот министер за иновации и дигитална трансформација, Иван Василев, по седницата на владата.
Според истрагата, хакерите имале пристап до системите преку кои државните институции разменуваат документи и ја следеле комуникацијата меѓу нив.
„Досега не се пронајдени докази дека се компромитирани личните податоци на бугарските граѓани“, изјави Василев.
Пробивот бил откриен благодарение на новиот национален систем за сајбер-безбедност, кој за првпат овозможил целосен увид во состојбата на државните мрежи.
По откривањето на нападот била формирана меѓуресорска работна група во која учествувале Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, ДАНС, разузнавачките служби и други институции, со поддршка од меѓународни партнери.
Василев тврди дека пристапот на хакерите е целосно прекинат и дека е отстранет малициозниот софтвер што го инсталирале. Сепак, засега не е утврдено кој стои зад нападите, дали групите дејствувале самостојно или во интерес на странски држави и служби, ниту што направиле со украдените документи.
Министерот наредил проверки во засегнатите институции, а до обвинителството доставил пријава за утврдување на евентуални пропусти, постапувања и непостапувања на надлежните органи во изминатите пет години. Дали имало намерно непостапување, треба да утврдат надлежните институции.
Бугарија најавува и дополнително зајакнување на сајбер-заштитата, проширување на националниот систем на 28 општини и областни администрации, воведување повеќефакторска автентикација и построга контрола на администраторските профили. Во подготовка е и национална стратегија за сајбер-безбедност.
Информацијата ја објави бугарската новинска агенција БГНЕС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…
Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…
Осум месеци затвор за човекот кој ги…
Осум месеци затвор и укинување на притворот…
Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…
Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…
Борисов: Бугарија се претвора во „пиратска држава“…
Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…
Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…
Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…