Голема акција на МВР во Макстил!

t

Екипи на МВР по наредба за Основното јавно обвинителство Скопје во моментов спроведуваат акција во просториите на МАКСТИЛ во Скопје. Според првичните информации кои ги сподели МВР станува збор за проверка на сомнение за кривични дела од областа на еколошкиот криминал.

– Полициски службеници од Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје по добиени оперативни информации и обезбедена наредба од јавен обвинител од ОЈО Скопје вршат контрола и преглед на примероци од почвата и одредени суровини за проверка на сомнение за евентуално сторени кривични дела од областа на еколошкиот криминал. По целосно завршување на активностите соодветно ќе ја известиме јавноста, потврдуваат од МВР за Инфомакс.

Од ОЈО Скопје засега не споделуваат повеќе информации.

Инфомакс пред речиси две години пишуваше за скандал поврзан со оваа компанија, кога турската Царина пронајде 800 килограми марихуана во камионите кои го превезуваа нивниот опасен отпад. Тогаш од компанијата демантираа дека имаат било каква врска со марихуаната и додадоа дека компанијата која го зема отпадот од Макстил се обврзува дека истиот ќе го продаде во земји каде е дозволен увоз и обработка на опасен отпад.

Опасниот отпад за кој тогаш стануваше збор е богат со цинк, а нашата редакција претходно пишуваше за сомнежите дека истиот наместо во Тајланд, завршува во Иран за производство на оружје, што би значело дека Македонија ги прекршува меѓународните санкции против Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема акција на МВР во Макстил!

Екипи на МВР по наредба за Основното…

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…

МВР поднесе кривична пријава за насилникот од…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31)…

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…