Објавено на:

Прилично глупав потег е тоа што потрошив 446 милиони долари за републиканците на изборите, вели Илон Маск

t

Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично глупаво“ поради рекордната сума што ја потрошил за поддршка на републиканската партија на меѓуизборите во САД, по серијата убедливи порази на партијата на Трамп, пренесе „Би-би-си“.

Извршниот директор на „Тесла“ и на „Спејс икс“ беше најголемиот индивидуален донатор на изборите, со донации од 446 милиони долари за поддршка на партијата на претседателот Доналд Трамп, особено во Тексас, каде што се наоѓаат седиштата на многу од компаниите на Маск.

Маск, кој ја поддржа и кандидатурата на Трамп за втор претседателски мандат во Белата куќа изјави и дека не е дел од движењето МАГА („Да ја направиме Америка повторно голема“), а кое се поврзува со претседателот на САД.

Илон Маск се обрати преку видеоврска, од Самитот „Дилбук“ каде што се одржува  годишна конференција и на која присуствуваат водечки претставници на бизнисот и политиката.

„Јас не сум МАГА. Не сум сигурен што значи МАГА, ако тоа подразбира слепо придржување кон одреден сет политики на Републиканската партија, тогаш сигурно не сум таков“, изјави Маск.

Изборните резултати беа оценети како тежок пораз за Трамп, кој се соочува со притисок поради влијанието на неговите политики врз трошоците за живот во САД.

Демократите ја презедоа контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, остварувајќи историски успеси во области што со децении биле под контрола на републиканците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов бисер од Елон Маск за тоа…

Постои една стара изрека, рече Маск -…

Маск за офанзивата на Украина: Толку многу…

Американскиот бизнисмен Илон Маск на својата мрежа…

Бил Гејтс, Илон Маск и Марк Цукерберг…

Највлијателните личности во технолошката индустрија поитаа на…

Украинците гневни, Маск со “скандалозен” твит: Крим…

Извршниот директор на SpaceX и Tesla, Илон…