Кандидатот на студентската листа Александар Чупиќ избран за претседател на српскиот парламент
Александар Чупиќ, кандидат на пратеничката група „Студентска листа“, е избран за претседател на Народното собрание на Србија.
Пратениците утрово во 10 часот ја продолжија конститутивната седница на новиот, 15. собраниски состав, по дводневна расправа во која најдолго учествуваше досегашниот претседател на државата.
На дневен ред се изборот на претседател и потпретседатели на парламентот, именувањето генерален секретар, изборот на членови на собраниските работни тела, како и на постојаните парламентарни делегации во меѓународните институции.
За претседател на парламентот беа предложени двајца кандидати. Пратеничката група „Студентска листа“ го предложи Александар Чупиќ, додека листата „Александар Вучиќ – Србија победува“ го предложи Стојан Раденовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…