УКИМ нема да остане без струја, МОН ќе го плати долгот

t

ЕВН Македонија и Министерството за образование и наука (МОН) денеска постигнаа договор за надминување на проблемот со неплатените сметки за електрична енергија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), со што е избегнато ново исклучување на факултетите, одговорија од ЕВН Македонија за Плусинфо.

Според договореното, МОН ќе го подмири заостанатиот долг во текот на наредните денови. Со тоа се создадени услови најавеното повторно исклучување на електричната енергија, кое требаше да се случи утре, да не се реализира.

Проблемот ескалираше вчера, кога поради неплатени сметки ЕВН ја исклучи струјата во Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и во зградата на Ректоратот на УКИМ. По неколку часа, снабдувањето беше обновено, но на Универзитетот му беше оставен рок до петок да ги подмири обврските.

Според информациите од извори во ЕВН, долгот на овие универзитетски единици изнесува околу половина милион евра, а најголемиот дел од сумата се однесува на факултетите.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека долгот ќе биде покриен со средствата предвидени со ребалансот на Буџетот.

– Електрична енергија на УКИМ има. Точно е дека има долгови за електрична енергија, меѓутоа, вчера во „Службен весник“ излезе ребалансот на буџетот, долговите редовно ги сервисираме – изјави Јаневска, уверувајќи дека нема да има нови проблеми со снабдувањето.

Според неофицијални извори во јавното претпријатие, на кои се повикаа некои медумми, опасност од прекин на снабдувањето има и кај други јавни установи, меѓу кои и културни институции и Пошта. Се проценува дека вкупните долгови на јавните и државните институции кон Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) надминуваат 24 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УКИМ нема да остане без струја, МОН…

ЕВН Македонија и Министерството за образование и…

Селмани: Опозицијата сè уште се консолидира –…

Македонија има потреба од силна, организирана и…

Макрон бара повторно да се разгледа членството…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на…

Деспотовски: Венко е супер доктор, но апсолутно…

Поранешниот директор на ТИРЗ и член на…

Македонската црковна делегација стаса во Москва за…

Македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски…