Отпушок од цигара предизвика пожар во ГОБ „8 Септември“ во Скопје

t

Избувна пожар во Одделот за ортопедија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Веднаш е извршена евакуација, а повикана е и противпожарната служба.

Од прозорците на болницата излегуваше чад.

Директорот на болницата, Синиша Стојаноски потврди дека ситуацијата е предизвикана од отпушок од цигара. Вели дека нема опасност за пациентите и медицинскиот персонал.

Засега не се соопштени детали за евентуална материјална штета.

Пожарот е изгаснат, болницата продолжува со нормално функционирање, објави Фокус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…