Коронавирусот е присутен и оваа сезона, регистрирани се три случаи
Во изминатата недела во земјава биле потврдени три нови случаи на коронавирус, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Во текот на 46. недела од годинава, во лабораторијата на Институтот биле испитани 64 примероци за присуство на грип, коронавирус и респираторниот синцицијален вирус (РСВ).
Грип бил откриен во четири примероци. Кај три од нив била утврдена инфлуенца А, без дополнително одреден подтип, а кај еден бил потврден подтипот А(H3).
Во извештајот се наведува дека биле регистрирани и три позитивни резултати за SARS-CoV-2, вирусот што ја предизвикува болеста КОВИД-19. Кај ниту еден од испитаните примероци не бил откриен РСВ.
Сезоната на грипот неделава зеде замав. Во претходниот неделен извештај биле регистрирани 154 пациенти со симптоми на грип, што е за 37,5 проценти повеќе од неделата пред тоа. Половина од заболените биле од Тетово и од Скопје.
Вирусот бил потврден и кај две деца кои се лекувале на Клиниката за белодробни заболувања „Козле“. Во исто време, растел и бројот на деца со други респираторни инфекции, а во болница се лекувале околу 50 деца, меѓу кои и новороденче старо 40 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Три лица починаа, 151 нов случај на…
Во последните 3 дена (од 27.05 до…
НЕМА ПОЧИНАТИ: Ова е најновата Ковид 19…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…
Северна Кореја регистрираше скоро 2 милиони пациенти…
Пред само една недела го пријавија првиот…
Позната е новата ковид статистика
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…