Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, а во угостителството 35.447 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи зголемување од 8,1% во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Реалниот раст на просечната нето плата, пак изнесувал 5,2%.
На ниво на целата економија, септемвриската нето-плата била повисока за 408 денари во однос на август и за 3.675 денари во однос на септември лани.
И натаму на врвот на листата на исплатени плати се наоѓа ИТ секторот со просек од 88.787 денари, а на дното се сместувањето и услужните дејности со храна со 35.447 денари или највисоката просечна плата во земјава е два и пол пати повисока од најниската. Изразено во бројки тоа е разлика од 53.340 денари.
Втор просек на нето плата го има финансискиот и осигурителниот сектор од 64.809 денари, а трет највисок просек на нето плата има рударството од 59.586 денари.
Втора најниска просечна плата има во земјоделството од 38.534 денари , а трети се платите во секторот административни и помошни услуги каде што просекот е 39.693 денари.
Државниот просек од 49.141 денар го земаат вработените во образованието каде што просечната нето плата изнесува 48.946 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечна плата од 88.787 денари во ИТ…
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Еден купувач е доволен за продажба на…
Со оглед на тоа што Народната банка…
Барале 100.000 евра, па запалиле „ренџ ровер“:…
Четворица турски државјани добија кривична пријава под…
Захарова ја поздрави одлуката на Србија да…
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…
Ѓорѓиевски: Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна…