Експлозија на јахта на Халкидики: Повредено е едно лице!

t

При експлозија на јахта под бугарско знаме што се наоѓала во марината Сани на првиот крак на Халкидики, повреден е единствениот патник, кој бил пренесен во болницата, информираа од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

По експлозијата имало навлегување вода во пловниот објект, поради што се преземаат активности за нејзино испумпување, а превентивно, околу јахтата е поставена и пловна бариера за да се спречи загадување на морето.

Според грчките медиуми повредениот е грчки државјанин, кој воедно управувал со јахтата, се здобил со изгореници на рацете, нозете и лицето, но не е во животна опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија на јахта на Халкидики: Повредено е…

При експлозија на јахта под бугарско знаме…

Британски Телеграф: Трамп има порака за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на…

Протести во Берлин: Не сакаме да гинеме…

Учесниците на младинскиот протест во Берлин, кои…

Војната против Иран ја чинеше Америка 48,3…

Американската војна против Иран до 13 ноември…

Градоначалникот на Белград обвинет за нанесување тешки…

Oсновно јавно обвинителство во Белград поднесе до…