Во Франција шеста сабота по ред протести поради високите трошоци за живот

t

Ширум Франција шеста сабота по ред се одржаа протести поради високите трошоци за живот, на кои демонстрантите бараат зголемување на платите и конкретни социјални и економски мерки од владата.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на протестите учествувале 82.500 луѓе, додека организаторите тврдат дека на улиците имало 150.000 демонстранти.

Според податоците на Министерството, во Париз протестирале 21.500 луѓе, додека Студентскиот сојуз, една од организациите што повика на демонстрации, наведува дека во француската престолнина се собрале 45.000 демонстранти, пренесуваат медиумите.

Денешните протести се одржаа во време кога движењето „Жолти елеци“ ја одбележува осмата годишнина од своето основање. На демонстрациите учествуваа синдикати, студентски и средношколски организации, како и припадници на движењето „Жолти елеци“, кои бараат мерки за ублажување на растот на трошоците за живот и промени во владината политика.

Студентските и средношколските организации најавија дека ќе продолжат со протестите сè додека владата не одговори на нивните барања.

Бројот на демонстранти, според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, опаѓа од недела во недела. Минатата сабота на протестите учествувале 106.000 луѓе, а една недела претходно 146.000. На протестите на 31 октомври се собрале 320.000 луѓе, додека на првиот протестен собир, на 17 октомври, имало 550.000 демонстранти, според податоците на Министерството.

Во Париз денешниот протестен марш се одржа од плоштадот Република до плоштадот Нација, без инциденти по предвидената маршрута, соопшти полициската префектура. Истовремено, биле забележани обиди на маскирани групи да организираат непријавени протестни поворки во други делови на престолнината.

Во Лион, полицијата употребила солзавец откако дошло до судири меѓу поединци и припадници на безбедносните сили.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека до 14 часот низ земјата биле регистрирани 44 протестни активности и дека биле приведени седум лица, додека ситуацијата била оценета како претежно мирна.

Во меѓувреме, париското обвинителство отвори истрага против двајца полицајци поради сомнение за насилство врз двајца млади мажи за време на протестите на 31 октомври. Еден од полицајците е осомничен и за сексуален напад.

Младите поднеле пријава на 4 ноември поради начинот на кој биле приведени, а и самите се обвинети за напад врз полицајци, што го негираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Франција шеста сабота по ред протести…

Ширум Франција шеста сабота по ред се…

Франција потврди присуство на свои војници во…

Француски воени припадници веќе неколку месеци се…

Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…

Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…

(Видео) Полицаец се запали среде протести во…

Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…

Франција се подготвува за нови протести со…