Родителите на загинатите во „Пулс“ стравуваат дека над 200 предложени сведоци ќе го одолговлечат судењето
Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани стравуваат дека големиот број сведоци предложени од одбраната непотребно ќе го продолжи судењето. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4NEWS.mk, Александар Наунов и Томче Стојанов посочија дека одбраната предложила повеќе од 200 сведоци и дека дел од предлозите подоцна биле повлечени.
„Се одолговлекува и се разводнува целата ситуација“, рекоа родителите. Тие посочија дека патувањата од Кочани до Скопје и повторното слушање на деталите за пожарот се дополнителен товар за семејствата. Изразија незадоволство и од однесувањето на дел од адвокатите на обвинетите, за кои сметаат дека не покажуваат доволно почит кон семејствата.
Наунов рече дека досега се одржувало приближно едно рочиште неделно и изрази надеж дека судот ќе закажува почести рочишта. Родителите побараа постапката да заврши во разумен рок, со почитување на правата на обвинетите и со одлука заснована врз доказите.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето се води пред Основниот кривичен суд Скопје, во судницата во „Идризово“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ стравуваат дека…
Родителите на загинатите во пожарот во дискотеката…
Мицкоски и Рама на промоција на „One…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска, заедно…
„Мојот пријател“ – Трамп објави фотографија со…
Американскиот претседател Доналд Трамп на мрежата „Трут…
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Eве какво време не очекува денес
Времето денеска ќе биде променливо облачно со…