Објавено на:

Зеленски повторно побара Украина да стане членка на НАТО

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска преку конференциска врска се обрати на годишната средба на Парламентарното собрание на НАТО и побара земјата да стане членка.

– Членството на Украина во НАТО би било подобро решение за европската безбедност отколку на Киев да му се дадат безбедносни гаранции, моделирани според клаузулата за заемна одбрана содржана во членот пет од Северноатлантскиот договор. Зарем не би било поефективно едноставно да се прими Украина во НАТО? Зарем тоа не би било подобро за сите нас, поевтино за спроведување и посигурно во однос на вистинското гарантирање на безбедноста?, праша Зеленски.

Претходно, американскиот специјален пратеник Џаред Кушнер денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да поддржи безбедносни гаранции за Украина по примерот на член пет на НАТО, но само доколку тоа им служи на американските интереси.

Зеленски не го одби директно предлогот на Кушнер, но постави неколку прашања.

Кои земји ќе ја поддржат Украина доколку таа повторно биде нападната? Што точно ќе направат нашите партнери како одговор? Кои трупи ќе бидат однапред распоредени на наша територија? Колку ќе чини сето ова?, праша Зеленски.

Според него, Европа би била побезбедна доколку Украина стане членка на НАТО. Русија категорично се спротивставува на пристапувањето на Украина во НАТО, како и на обезбедувањето безбедносни гаранции кои би вклучувале распоредување западни трупи во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски повторно побара Украина да стане членка…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска преку…

Полска ќе го повика рускиот амбасадор по…

Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан…

Сајбер-напад на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ –…

Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)– Штип во текот на…

Целосен пресврт во Nvidia: Јенсен Хуанг се…

Управниот одбор на Nvidia едногласно го врати…

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега…

Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно…